Bible

Focus

On Your Ministry and Not Your Media

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Chronicles 12

:
Macedonian - 1990
1 Еве ги оние кои исто така дојдоа при Давида во Сикелаг, кога тој уште се криеше од Кисовиот син Саула; тие беа од јунаците, што помагаа во борбата,
2 вооружени со лак, фрлаа со десната и со левата рака камења и пуштаа стрели со лак, беа од браќата Саулови, од Венијамина;
3 кнез беше Ахизер, по нека Јоас, синови на Сама од Гива; Јазиил и Фалит, синови Замотови; Варихија и Јуј од Анатот;
4 Самија од Гаваон, јунак од триесетмина и водач на триесетмината; Еремија, Језекил, Јоанан и Јозават од Гадара;
5 Елиозиј, Јеримут, Валија, Самарија, Сафатија од Аруфа;
6 Елкана, Јесија, Уелиил, Језар, и Јесвал, од Кореевците;
7 и Јоил и Завадија, синови на Јероама, од Гедор.
8 При Давида во крепоста, во пустињата дојдоа мажи јунаци, од Гадовците, воинствени, вооружени со штит и копје; лицата нивни лицата лавовски, брзи како елени в гора.
9 Главен беше Азер, втор Авдија, трет Алијад.
10 четврти Масман, петти Јеремија,
11 шести Јетија, седми Елиил,
12 осми Јоанан, деветти Елзавал,
13 десетти Јеремија, единаесетти Махавенај.
14 Тие, синовите Гадови, беа војводи во војската: најмалиот над сто души, а најголемиот над илјада.
15 Тие минаа преку Јордан во првиот месец, кога тој се излива од бреговите свои, и ги прогонија сите оние што живееја во долините кон исток и запад.
16 Исто така и синовите Венијаминови и Јудини дојдоа во тврдината при Давида.
17 Давид излезе да ги пресретне и им рече: »Ако сте дошле со мир при мене, за да ми помагате, тогаш јас и вие да имаме едно срце; но, ако доаѓате, за да ме предадете со заговор на непријателите мои, кога нема во рацете мои неправда, Бог на татковците наши нека види и нека суди.«
18 И дух го опфати Амасија, водачот на триесеттемина, и тој рече: »Мир на тебе, Давиде, мир со тебе сине Јесеев! Мир на тебе, мир и на твоите помошници! Зашто твојот Бог ти помага.« Тогаш Давид ги прими и ги постави на чело на војската.
19 И од Манасиевото племе преминаа некои кон Давида, кога војуваше со Филистејците против Саула. Но Давид не им помогна на Филистејците, зашто војводите Филистејски, откако се посоветуваа, го испратија велејќи: »За наше зло, тој ќе побегне при својот господар Саула.«
20 Кога се враќаше Давид во Сикелаг, прибегнаа кон него племињата Манасиеви: Еднај, Јозавад, Михаил, Јосафат, Једиил, Елиу, Салатиј, илјадници кај Манасиевите.
21 Тие му помагаа на Давида против четите на Гедур, зашто сите беа мажи храбри и беа началници на војската.
22 Така секој ден придоаѓаа кај Давида на помош до толку, што неговата војска стана голема како војската Божја.
23 Еве го бројот на кнезовите во војската, што дојдоа при Давида во Хеврон, за да му го предадат царството Саулово, според словото Господово;
24 Јудини синови, што носеа штит и копје, имаше подготвени за војна шест илјади и осумстотини;
25 од синовите Симеонови, мажи храбри, имаше во војската седум илјади и сто;
26 од синовите Левиеви четири илјади и шестотини;
27 дојде и Јодај, кнез од Ароновиот род, и со него три илјади и седумстотини;
28 и Садок, храбар јунак, и родот негов дваесет и двајца кнезови;
29 од синовите Венијаминови, браќата Саулови, дојдоа три илјади; но уште многумина од нив му веа верни на Сауловиот дом;
30 од синовите Ефремови дваесет илјади и осумстотини храбри јунаци, мажи прочуени во родовите свои;
31 од полуплемето Манасиево осумнаесет илјади, кои поименично беа повикани, за да одат да го зацарат Давида;
32 од синовите Исахарови дојдоа мажи разумни, кои ги познаваа времињата и знаеја кога и што треба да изврши Израилот; тие беа двесте кнезови, и сите браќа нивни одеа по зборовите нивни;
33 од племето Завулоново имаше готови за борба, вооружени со секакви воени оружја, педесет илјади, во строј, еднодушни;
34 од племето Нефталимово илјада војводи и со нив триесет и седум илјади со штитови и копја;
35 од племето Даново дваесет и осум илјади и шестотини, спремни за војна;
36 од Асира четириесет илјади војници, подготвени за борба;
37 од онаа страна на Јордан, од племето Рувимово и Гадово и од полуплемето Манасиево, сто и дваесет илјади, со секакво воено оружје.
38 Сите тие борци, наредени во строј, дојдоа со полно срце во Хеврон, за да го зацарат Давида над целиот Израил. Па и сите други Израилци беа еднодушни да го зацарат Давида.
39 И останаа таму при Давида три дена, јадеа и пиеја, зашто браќата им беа подготвиле сѐ за нив;
40 па и оние што беа поблиску до нив, дури до Исахаровото, Завулоновото и Нефталимовото племе, им донесуваа на осли, камили, маски и волови сѐ за јадење: брашно, смокви, суво грозје, вино и елеј, како и многу ситен и крупен добиток, бидејќи радоста беше голема за Израилот.